Моден хит број 1 за 2021 година: Ова ќе биде најпопуларниот накит и детаљ на облека
Овој тренд никогаш не излегува од мода, а сега ќе се носи на сите можни начини...
Вечниот, женствен детаљ кој не асоцира на луксуз и елеганција откако го прослави легендарната Коко Шанел, оваа сезона доби современ пресврт.
Освен на накит, бисерите сега ќе ги гледаме и на облеката и обувките.
Освен на накитот кој повторно е неизоставен детаљ, предимензионалните или најситните бисери ќе се нижат и на најмалку очекуваните места, како сите видови обувки, модни додатоци, како елегантните и необичните ремени.
Имитација на бисери ќе носиме на капите, фармерките, џемперите, па дури и на јаките и на ракавиците.