Моден камелеон и кралица на трансформациите: Колку се промени Елена Китиќ од почетокот на кариерата до денес?
Таа е една од најпопуларните пејачки на овие простори, а особено интересно е што Елена Китиќ од самиот почеток остана доследна на себе и даде посебен печат на секоја модна комбинација.
Иако има само 23 години, Елена Китиќ веќе остави огромна трага на балканската музичка сцена. Уште на самиот почеток, талентираната пејачка вниманието го привлекуваше со својот необичен изглед, но и со необичниот глас, а својата креативност ја изразуваше и преку видеата, а честопати беше и пионер кога станува збор за некои нови работи.
Огромен број луѓе ја следат на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има над 279.000 следбеници. Секоја нејзина песна е апсолутен хит, и честопати завршува на прво место на трендинг, а Елена секој пат се обидува да им донесе нешто ново на своите обожаватели.
Од друга страна, таа го чува својот приватен живот од очите на јавноста и се обидува својата кариера да не ја гради на скандали, туку исклучиво на добра музика.
Сепак, вистина е дека покрај сите свои таленти и неоспорната убавина, ја нарекуваат и „моден камелеон“ и „апсолутна кралица на трансформациите“.
И навистина, доволно е да погледнете неколку нејзини фотографии од минатото за да сфатите дека сè што е кажано за неа е апсолутно заслужено.
Но, да почнеме од самиот почеток!
За неоспорниот музички талент на Елена дознавме уште пред многу години кога како тинејџерка се снимаше со пријателите на караоке забавите. Својата музичка кариера ја започна со песна на англиски јазик, наречена „Better Days“, за која малкумина знаат дека постои. На видеото за споменатиот сингл, Елена беше во футуристички стајлинг, што денес веројатно не може ни да го замисли.
Две години подоцна, излезе синглот за песната „Фолира“, создаден во соработка со Џала Брат, кој сега има околу 36 милиони прегледи, а Елена на него изгледаше сосема поинаку.
На многумина им беше јасно дека регионалната сцена се здоби со нова млада надеж, а во следниот период Елена не престана да изненадува со трансформациите, кога е имиџот во прашање.
Следуваше песната „Злато“, која крена голема прашина затоа што убавата пејачка беше попрскана со златна прашина во спотот, а во ова видео Елена изгледаше како модерна гејша со необична шминка и коса скоро до колена.
Со секое свое ново видео, таа одеше чекор подалеку, следејќи го примерот на светските ѕвезди, и на пример, го направи првото вертикално видео на Балканот за „Забрањујем“. Тогаш кажа дека оваа песна и е најблиска по звукот и дека со неа го најавува својот прв албум.
На видеото таа претстави одлични изданија, а пејачката веќе има препознатлив стил кој се издвојува од сè што е видено досега на Балканот.
Едно од видеата што исто така привлече големо внимание е за песната „Фобија“, во која Китиќ е покриена само со школки и бисери.
Сепак, освен нејзината музичка кариера, Елена е некој што знае да создава мрежи. Пред неколку месеци се пишуваше за нејзините нови тетоважи, од кои се издвои пеперутка на лицето, а неодамна повторно направи огромна промена кога не само што ја скрати косата, туку ја обои и во црвена боја.
Иако е евидентно дека долгата коса е на некој начин нејзин заштитен знак, од друга страна, необичната шминка, футуристичките изданија, комбинирањето на неспоивото, со мешавина од стилови по примерот на американски раперки, Елена заслужено се најде на листите на најдобро облечени млади sвезди.
Се пишуваше и за нејзините интервенции, иако од нејзина страна никогаш немало официјална потврда, а интересно е и тоа што многу дами ги сакаат носот и усните на Елена, а кај многу познати пластични хирурзи се носат нејзините фотографии за да изгледаат што повеќе неа.