Модна лекција за мајки и ќерки: Анџелина Џоли и Захара дотерани и за на пазарење (ФОТО)
Вака изгледа холивудското пазарење, во режија на Анџелина Џоли и Захара Џоли Пит.
Анџелина Џоли и Захара беа фотографирани викендов во Лос Анџелес, и тоа во какво издание!
Дури и едно едноставно одење во супермаркет е прилика за да се дотерате, ако ги прашате актерката и нејзината ќерка. 46-годишната актерка и нејзината 16-годишна ќерка не отстапуваат од својот стил никогаш па и двете одржаа модна лекција.
Додека Анџелина блескаше во волнено камел палто Макс Мара и салонки, одоздола се наѕира елегантен црн фустан - моден минимализам кој е совршено ефикасен за неа, од друга страна, Захара, како вистинска тинејџерка, носеше тренди бели патики, но и макси фустан во светла црвена нијанса. Верна на нејзиниот младешки и урбан стил, Захара носи накит - прстени и нараквици со монистра.
Кога знаат дека папараците ќе ги сликаат додека пазарат, не е чудно што секогаш се дотерани.
извор:GLOSSY