Модни гревови што ги правите сите додека не пораснеме: Подоцна превртуваме очи на овие работи

Модни гревови што ги правите сите додека не пораснеме: Подоцна превртуваме очи на овие работи

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку ја сакаш модата и облеката, ќе ги направиш сите овие модни гревови неколку пати...

Учиме од грешките. Некогаш треба да ги повториме и повеќе пати за да научиме нешто. Но, мудроста доаѓа со годините и треба да поминеме многу модни грешки, пред да сфатиме некои работи.

Сите сме виновни или грешиме кога е модата во прашање. Барем понекогаш се случува да направиме нешто за што подоцна не можеме ниту на самите себе да си го објасниме. Растејќи, начинот на кој ја доживуваме модата и облеката се менува. За да научиме многу, прво треба да направиме грешка и да потрошиме премногу пари на облека која ќе ја облечеме смао еднаш (или никогаш). 

Ова се модните гревови за кои сите сме виновни во младоста:

# Купуваме облека која не е наша големина

Дури и онаа која ни е премала. Бидејќи самите себе се уверуваме дека ќе бидеме на диета и дека до следното лето сигурно ќе не собере во тој фустан и ќе го носиме со самодоверба. Меѓутоа, тоа најчесто не се случува и облеката останува да стои во плакарот. Дури и доколку дојдеш до таа големина, сфаќаш дека нема шанси да носиш нешто такво сега, бидејќи малку ти се променил стилот.

# Во плакарот имаме парчиња кои се поинакви и убави, но секогаш го носиме истиот пар фармерки и истата маичка

Колку и да сакате вашата облека да ја направите поинтересна и покул, секое такво парче облека кое ќе го купиме, на крајот останува да стои. Во најголем дел, сепак, ќе го носиме она во што се чувствуваме пријатно, а тоа се најобични парчиња облека како тренерки, најобични фармерки или маица. На другите девојки на Инстаграм нештото изгледа сосема нормално, но кога ќе го купите и го облечете, имате чувство дека сите кога ќе ве погледнат и ќе ви смеат. Со текот на годините, многу такви парчиња се собираат.

# Следиме трендови

Кога нешто се носи, одеднаш имаме потреба целиот плакар да го наполниме со вакви работи. Кога се носи кралското сина боја, купуваме сѐ во таа боја, потоа се носат карирани здолништа, па купуваме 10 карирани здолништа, а потао доаѓаат на ред целосно искинатите фармерки и одеднаш плакарот ни изгледа како да е нападнат од глутница волци. Жртви сме на модните трендови и не можеме да си помогнеме.

# Ги копираме „аутфитите“ на познатите

Ни се допаѓа како се облекува нашата омилена позната личност и затоа што на него тоа изгледа топ и ние сакаме да имаме слични парчиња во плакарот. Погрешна одлука. Особен доколку таа позната личност нема ист облик на телото, како и ние и не носи слична големи на облека. Во спротивно, шансите дека на тебе нема да стои така, но сеедно, ти секако ќе се обидеш.

# Во голем дел од облеката од плакарот не се чувствуваме пријатно

Поради тоа што купуваме облека од погрешни причини, во плакарот имаме многу вакви парчиња. Или нешто не стега, ни е прекратно, прешироко, претесно, прешарено, преупадливо... и потоа цело време носиме само 10% од облеката од плакарот. Кога би го средиле плакарот и исфрлиле сѐ што не носиме, во него не останало ништо.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: