Модни совети за ниски девојки: 6 работи кои секогаш треба да ги имате на ум при комбинирање на облеката

Модни совети за ниски девојки: 6 работи кои секогаш треба да ги имате на ум при комбинирање на облеката

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку не сакаш да направиш илузија дека изгледаш уште пониско - држи се до овие совети...

Кога купуваш облека и правиш комбинации немој да ги следиш трендовите, туку на прво место дека ти биде изгледот и обликот на своето тлео. Доколку се водиш по тоа, сите парчиња ќе ти стојат одлично и нема да имаш облека која ќе собира прашина.

Доколку си ниска, многу ниска, не е крај на светот. Само затоа што немаш 180 центиметри, не значи дека постојат модни трендови за тебе кои би ти стоеле одлично. Постојат неколку важни модни совети кои треба да ги знаеш, доколку си ниска.

# Научи како да ги скратиш фармерките

Купувањето фармерки на ниските девојки им е вистински кошмар. Кои и да ги облечат, не им стојат убаво, бидејќи им се предолги, а доколку се одлучат за помал број кој е пократок, тогаш нема да им бидат точни во половината. Нема друго решени, освен да научиш да бидеш самата свој мајстор. Да ги скратиш сама фармерките не е толку тешко како што изгледа. Особено сег акога се носат фармерки кои немаат совршени рабови, туку и изгледаат како ногавиците да им се исечени само со ножици. Треба рамно да ги исечеш и тоа е тоа. Доколку сакаш порабени ногавици, на Јутјуб можеш да најдеш видеа како да го изведеш тоа.


# Кога купуваш фустан, бирај модели кои имаат некаков облик

Најлошиот облик на фустан за ниски девојки е оној кој нема никаков облик и изгледа само како преголема маичка. Таквите фустани ќе направат да изгледате уште пониско. Најдобри фустани за ниските девојки се кратките модели кои се тесни, а доколку тоа не е за тебе, тогаш бирај модели кои во горниот дел се широки, а надолу се шират. Одличен избор и фустаните на преклоп.


# Чевли на платформа се подобра опција од рамни патики

Освен што комбинацијата ќе ти изгледа уште поубаво со чевли на платформа, ќе добиеш и неколку центиметри. Тоа не значи дека треба да носиш само чевли. Има голем избор и на патики кои имаат подебел ѓон, не мора да биде нешто екстремно и два центиметри ќе направат разлика. Истото е и со сандалите и чизмите. 

# Кроп топ

Фармерките со висок струк и кроп топ се совршена комбинација за ниските девојките. На овој начин ќе изгледаш како да си повисока од тоа што си.


# Вистинскиот модел на фармерки

Освен што сигурно имаш проблем со должината на фармерките, тука е и проблемот со моделот на фармерки. Кој најдобро ќе стои на твоето тело и кој да го купиш и да си сигурна дека ќе изгледа одлично на тебе, иако ќе ги скратиш ногавиците? Нема секој модел да биде идеален за тоа. За ниските девојки најдобри се оние модели кои имаат рамни ногавици. Ќе направат да изгледаш повисоко, а и лесно ќе ги скратиш без подоцна да изгледаат чудно. Она што ниските девојките треба да го избегнуваат се широките модели.


# Доколку носиш линии, нека бидат вертикални

Општо правило е дека хоризонталните линии на облекаат шират, а додека вертикалните додаваат на висина. Ова особено се однесува на парчињата облека како фустани, комбинезони или кога имаш ист горен и долен дел облека. Значи, кога си од глава до петици во линии, нека бидат вертикални.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: