Модниот додаток кој не потсетува на детството оваа есен ќе биде неизбежен
Оваа цела модна година ќе биде насочена кон додатоците за коса: шноли и разни украси за коса, гламурозни сатенски стегачи и марама во коса. Како што се наближува есента, шнолите со школки ќе ги замени нов моден додаток, а тоа е венчето, кое во детството го обожававме, па зошто да не му се вратиме?
Во продавниците можеш да најдеш голем избор: едноболни, неутрални или шарени, од кожа или ткаенина, со бисери или школки. Освен што е есенски моден додаток, венчето е и додаток кој има моќ да ја поправи фризурата. Доколку не сте задоволни од фризурата, ставете венче и ќе забележите огромна промена.
Во продолжение погледнете неколку опции на венчиња, како и местото каде што може да ги најдете.
# Венче марама
Ова вид на венче е толку лесно, што нема ни да чувствувате дека го носите на вас, го има во PARFOIS, по цена од 587 денари.# Венче во облик на плетенка, со чвор, школки
Ова несекојдневно венче го имате во PARFOIS за 502 денари.# Кежуал венче
Ова венче може да го најдете во PARFOIS и тоа по цена од 587 денари.