Модните блогерки ја изгласаа за најбарана јакна: Беше симбил во 90-тите и никој не верува дека повторно е ИН
Ако оваа година сакаш да бидеш во тренд, а не знаеш кое модно парче да го избереш, со карираната јакна нема да погрешиш, тврдат модните блогерки...
Можеби прва асоцијација за предимензионираните карирани јакни ви е тоа дека ги носеле вашите татковци и мајки, но не грижете се. Тие се вратија на големата врата, а девојките ширум светот полудеа по нив.
Постојат многу трендови кои не ни се допаѓаат, но истражувањето покажало дека сето она што го гледате скоро во секоја продавница, почнува со текот на времето да ни се допаѓа.
фото: KCS PRESSE / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIAБез разлика дали сте љубител на карираното или не, оваа јакна дефинитивно го зазеде тронот во модниот свет, кога е во прашање сезоната есен/зима за 2021 година.
За карираните јакни велат дека се еден од симболите на 90-тите години, а откако еден бренд за улична мода ги лансираше во продажба, тоа го направија и другите продавници, бидејќи веднаш го препознаа потенцијалот на овој одамна заборавен модел.
Познатите блогерки ширум светот со своите фотографии на социјалните мрежи буквално демонстрираа како можеме да ги комбинираме и не кријат дека се воодушевени од нив.
Предноста на овие јакни е во тоа што може да се искомбинираат и со елегантни, а и со поптолно опуштени, кежуал изданија во кои главниот акцент е ставен на тренерките.
Доиколку не го сакате карираниот принт, постојат и такви кои повеќе припаѓаат на модниот минимализам и така може да се определите за еднобојните модели на оваа јакна.
Капутите се секогаш во мода, но доколку ги следите модните блогерки, карираните јакни се дефинитивно најомилената јакна оваа сезона, а може совршената за вас да ја пронајдете во многу продавници.
фото: SHUTTERSTOCK