Модно деби: Лурдес Леон, ќерката на Мадона гордо позираше покажувајќи ги неиздепилираните пазуви на МЕТ Гала (ФОТО)

Модно деби: Лурдес Леон, ќерката на Мадона гордо позираше покажувајќи ги неиздепилираните пазуви на МЕТ Гала (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Мадона не се појави на годинешната Мет Гала, но затоа нејзината сакана Лурд пристигна во смело издание!

Лурдес Леон, 24-годишната ќерка на Мадона и Карлос Леон, го имаше своето модно деби на годинешната Мет Гала.

Иако нејзината мајка Мадона не присуствуваше на престижниот настан во Њујорк што сигурно ќе го одбележи септември, Лурдес, позната и како Лола, повторно најде начин со кој спектакуларно привлече внимание.

Лурдес искомбинира бикини топ со здолниште, и двете парчиња се украсени со бројни светки и го носат потписот на Москино, односно креативниот директор на оваа модна куќа, Џереми Скот.

Сепак, гардеробата не привлече толку внимание колку влакната на телото кои таа гордо ги покажа. Таа припаѓа на „клубот девојки“ кои ја нагласуваат природата на женското тело, па затоа не сака и не поддржува депилација, дури и кога станува збор за такви модни настани што се паметат. Лурдс гордо ги покажа пазувите, рацете, позираше пред камерата ... Инаку, неодамна се појави на насловната страница на септемврискиот Вог.

„Луѓето мислат дека сум богат човек без талент на кој му е дадено се, но не е така“, рече таа тогаш. Таа додаде дека самата ја плаќала школарината за колеџ и одлучила да живее далеку од Холивуд, во уметничкиот кварт Бушвик во Бруклин.

фото:PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: