Моето дрво за среќа: Тамара Тодевска ја покажа својата амајлија!
Поп пејачката и овогодинешната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, вчера одлета за Израел, Тел Авив, каде што ќе се оддржи овогодинешното најголемо музичко случување, Евровизија.
Таа денес ја има првата проба, а нејзиниот Инстаграм профил е преполн со фотографии и видеа преку кои ни ја пренесува атмосферата. Една од фотографиите особено ни го задржа вниманието, а тоа е еден цртеж, кој и го подари нејзиниот „куми“.
„Моето дрво за среќа. Куми, ми држиш среќа и тука“ – напиша на фотографијата Тамара.