Мохамед Салах: Египетскиот фараон
Го нарекуваат египетскиот Меси, во моментов е еден од најбараните фудбалери, за Ливерпул дава голови како од шега, a поголемиот дел од заработката ja донира за сиромашните во Египет, каде има статус на фараон.
Неговата животна приказна и патот до успехот се доволно добри за по нив да се сними филм и покрај светската слава и милионските договори, Мо е повеќе од обичен фудбалер...
Прочитајте неколку факти што можеби не сте ги знаеле за Мохамед Салах Гали.
# Роден е 1992 г. на северот на Египет. Од мал играл фудбал, но бидејќи не поткнува од богато семејство немал многу услови за успех во родната земја.
# Како дете се возел и по 9 часа во автобус за да стигне на тренинг или на натпревар.
# Професионалната кариера ја започнува во 2009 година, на терените во Египет.
# Мо има ќерка која го носи името на светиот муслиманаски град – Мека.
# Заради неверојатната игра и головите навивачите на Ливерпул му дадоа неколку прекари - го нарекуваат Фараон, Египетски крал и Египетски Меси.
# Во сезоната 2017-2018 три пати е проглесен за играч на месецот во Премиер лигата.
# Ги обожава Мухамед Али и Леонардо ди Каприо.
# Тој не само што е најбрзиот фудбалски демон како што го нарекуваат, туку е исто така и ангел. Играчот вреден 15 милиони евра преку донации успеа да се избори со сиромаштијата во неговиот роден град.
# Тој има хуманитарна организација која вклучува изградба на училишта, обезбедување опрема за болници и помош на болни деца.
# Во една ситуација крадец влегол во неговиот дом во Александрија. Кога полицијата го фатила виновникот, таткото на Салах покренал обвиненија против него, но откако го фудбалерот дознал за тоа го убедил да ги повлече обвиненијата. Мо се сретнал со крадецот и му дал пари за да му помогне да си го среди животот, па дури и се обидел да му најде работа.