Моја инвестиција: Полиса за осигурување
Секојдневно слушам дека треба да се штеди, треба да се размислува за иднината, за моментите кога ќе ни треба поголем износ пари одеднаш. Сигурноста е она што родителите најмногу го посакуваат за своите деца. Затоа е добро да се знае дека уште денеска можат да преземат нешто со цел нивната иднина да ја направат поубава и полесна. Тинејџерите мечтаат за многу работи што сакаат да ги остварат кога ќе станат полнолетни. Квалитетно образование, убав велосипед, купување стан, сопствен автомобил, егзотично патување или, можеби, живот во странство се некои од желбите. Родителите уште од првиот наш чекор се залагаат да имаме секојдневна едукација, а понатаму и квалитетно образование, а знаеме дека квалитетното образование подразбира финансиски средства, кои ќе треба да се обезбедат во даден момент. Сите ние си го поставуваме прашањето: “Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”, а одговорот понекогаш е мост помеѓу соништата и реалноста, во зависност од финансиите што може да ги обезбедат нашите родители за такво школување како што ќе посакаме и што ќе нѐ одведе до тоа што сме замислиле што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Доколку посакувате да ви се оствари нешто од ова, поттикнете ги своите родители да инвестираат и да штедат за вашата иднина.
Со осигурувањето на животот може да се штеди износ на пари што сами ќе го одредиме и ќе уплаќаме за полиса за осигурување месечно, квартално, полугодишно или годишно. За да си ги оствариме желбите во иднина, можеме да одвојуваме и од сумата по избор од месечниот џепарлак што ни го даваат родителите. Полисите за осигурување на животот се долгорочни, што значи почнуваме да штедиме денеска и се обврзуваме дека ќе штедиме во наредните 10, 15 или 20 и повеќе години. Полисата за животно осигурување нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Осигурувањето на животот е еден вид инвестиција во сигурна иднина и единствен начин да ја планираме посакуваната иднината.
Поттикнете ги родителите да инвестираат и да штедат за вашата иднина преку полисата за животно осигурување. Јас веќе штедам, а вие?
Текстот е напишан од 12 годишен осигуреник.
* ПР - објава