Мојата мајка крадеше храна во продавница за да преживееме: Џесика Честејн за тешкото детство и сиромаштијата
Иако во младоста не ѝ било лесно, актерката сега живее живот како од бајка...
Оскаровката Џесика Честејн проговори за тешкото детство и сиромаштијата во која израснала. Актерката откри дека во недостатокот на материјални работи „како што е дури и храната“, таа „растела со незадоволство“.
Така, Џесика призна и дека нејзината мајка крадела производи во продавница, бидејќи немала пари, а со цел да го прехрани семејството.
„Мојата мајка крадеше храна во продавница, бидејќи немавме пари. Некои луѓе знаеја дека таа го прави тоа, но не ја спречуваа. Љубезноста е секаде. Сега сме добро, бидејќи луѓето ја штитеа. Имаше луѓе кои гледаа дека се мачам како дете и ми помагаа. И затоа завршив тука каде што сум.“
„Не зборувам многу за тоа, но тоа беше навистина ужасно... не е она што би го очекувале Кога луѓето ме гледаат, мислам дека очекуваат поинаква животна приказна од мене“ - додаде актерката.
Поради тешкото детство цел живот ја боли нерамноправноста помеѓу луѓето.
„Не сакам на било кој друг да му биде нешто ускратено. Во смисла на глас, да биде виден, да биде признаен и ценет“ - заклучи таа.
Иако детството не ѝ било лесно, актерката сега живее живот како од бајка. Го посетувала најелитното драмско училиште на сетот „Џулијард“ и се омажи за италијанскиот благородник Џан-Лука Пасио де Препосуло, со кој основа семејство.
фото: Принтскрин / Инстаграм