,,Мојата Македонија“: Најнов препев на македонска песна од Ајдин Османовиќ и неговиот ментор Јасмин Брашњиќ
„Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу горди на своето богато културно наследство. Топли и сакаат дружба, сакаат добра храна и кај нив сигурно ќе уживате и ќе јадете од најдоброто“ - вака професорот Јасмин Брашњиќ ја почнува приказната која стои запишана под изведбата на Мојата Македонија на Ајдин Османовиќ.
„Вредни и посветени на работата, ја сакаат природата, се гордеат и уживаат во пејсажите на својата земја, со радост ќе ве запознаат со убавините на преубавата Македонија“, додава професорот. А за музиката во Македонија? - професорот Брашњиќ ќе ви рече - „Е тука се единствени во светот. Го засакаа нашиот Ајдин како да е дел од нив. Песната Мојата Македонија ја обработивме на свој начи за сите наши пријатели“, вели Брашњиќ.
А нам по овие зборови и описи на Македонија и Македонците, не ни останува ништо друго освен да уживаме во бисерното грло на Ајдин Османовиќ.
Фото и Видео: Youtube