Седумгодишно момче заробено во тело на старец: Децата го малтретираат, а тој има само една желба! (ВИДЕО)

Седумгодишно момче заробено во тело на старец: Децата го малтретираат, а тој има само една желба! (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Фото: Youtube/Printscreen

Седумгодишниот Мохамед е роден во Сирија со тешко генетско заболување што го прави да изгледа како старец. Затоа тој има проблеми. Децата го нарекуваат со погрдни имиња и го избегнуваат. Каде и да се појави, тој привлекува внимание.

„Сакам да бидам убав како другите деца и да одам на училиште“, рече Мохамед и низ солзи рече дека другите деца нема да го остават на мира. Откако приказната за него стана јавна, се појави Хусеин Манавер, идниот прв муслимански астронаут од Велика Британија, кој сакаше на кој било начин да му помогне на малиот Мохамед.

„Само што го видов, сакав да бидам близу до него, да му бидам пријател на некој начин. Сакав да му кажам колку е посебен“, вели Хусаин.


„Приказната на Мохамед не е само приказна за момче заробено во тело на старец, туку приказна за имигрантите. Неговото семејство побегнало од Сирија во Турција, тие немаат пасоши и затоа не можат да се лекуваат или да дознаат од што точно страда Мохамед. Тие ги избркале од станот затоа што немале пари за да платат кирија. Ние едвај им помогнавме “, додаде тој.

Хусеин со помош на невладини организации иницираше акција за собирање пари за Мохамед и неговото големо семејство. Пронајдоа нов дом за нив, но, како што велат, битката за помош на ова семејство не застанува тука. Погледнете како изгледа Мохамед:



Видео: Youtube/Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: