Момче го насмеа Интернетот, бидејќи го збуниле тампоните на девојка му: Една работа никако не му била јасна

Момче го насмеа Интернетот, бидејќи го збуниле тампоните на девојка му: Една работа никако не му била јасна

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Момчињата и менструацијата секогаш се добар извор на забава...

Очигледно, момчињата не ги разбираат менструацијата, влошките, тампоните и сличните женски работи. Не мора да ги знаат деталите, но понекогаш сепак нè изненадуваат со тоа колку не знаат. Едно момче се збуни поради тампоните на неговата девојка и постави едно смешно прашање на Твитер што брзо стана вирално.

Имено, неговата девојка имала тампони со различна големина во бањата, за различни денови за време на менструацијата, кога деновите кога била пообилна и послаба. Некои од буквите L (light) и R (regular) биле напишани на пакувањето. Она што тој помислил дека значат тие ознаки „Л“ и „Р“ е „left“ и „right“, лево и десно. Целиот збунет, праша на Твитер која е разликата помеѓу тампон за лево и тампон за десно.


Многу девојки добро се изнасмеаја на оваа негова изјава, а не е ни чудо што стана вирална. Одамна немаме слушнато ваков бисер! Како што во нашата говорна област има големини на тампони напишана на пакувањето, така и во САД имаат само буква за копувачите да знаат колку се големи или мали. Коментарите под неговиот пост се исто така забавни. Сите се шегуваа со него, така што еден корисник напиша дека зависно од која страна спиете, лева или десна, според тоа треба да го земете тампонот, а една девојка напиша дека зависи од тоа дали сте левак или десничар, па вие изберете кој тампон ќе го користите. Некои дури се обидоа да го убедат дека лево или десно значи дека од таа страна што пишува, треба да го завртите тампонот кога ќе го ставите.

фото: andriano.cz и Billion Photos / Shutterstock

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: