Момче му напишало писмо на таткото во рајот: Одговорот расплака милиони луѓе ширум светот

Момче му напишало писмо на таткото во рајот: Одговорот расплака милиони луѓе ширум светот

Објавена во: Совети // Семејство

Момчето Џејс Хајндман, кое пред неколку години го загуби татко му, му напиша писмо и сакаше да го испрати во рајот. Малото момче напиша на пликото:

„Драг поштар, 

те молам достави го ова писмо до татко ми во рајот - и во британската кралска пошта“ го забележале пликот и решиле да му кажат на момчето дека писмото успешно отишло во рајот.

Шон Милиган од Кралската пошта му се обратил на момчето со писмо, а милиони луѓе на Интернет сега пишуваат за неговиот гест.

Целата приказна ја објавила мајката на момчето Тери на својот Фејсбук, а фотографијата од писмото што Џејс сакал да го испрати во рајот и одговорот што го добил од поштата ја споделиле повеќе од 400 илјади луѓе на Фејсбук.

- Драг Џејс, сакаме да те известиме дека твоето писмо успешно пристигна во рајот. Беше малку тешко да се избегнат сите ѕвезди и други небесни тела, но успеавме и татко ти го доби писмото. Ќе продолжиме успешно да испраќаме писма до рајот – напишаа од поштата.

Мајката на момчето вели дека е пресреќен и постојано вели дека тато конечно го добил неговото писмо.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: