Момче од Црна Гора им оставило порака на родителите: Секој крадец би сакал да наиде на ова

Момче од Црна Гора им оставило порака на родителите: Секој крадец би сакал да наиде на ова

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Додека било само дома, момче од Црна Гора решило да излезе надвор да си игра. За да не ги загрижува родителите оставило белешка пред станот.

„Излегов надвор, клучот е под чергата“, напишал тој.


Толку многу ги насмеал мајка му и татко му што ја споделиле пораката, па се појави на Инстаграм страната на Подгорички времеплов.

„Мојот син остави белешка на вратата што секој крадец би сакал да ја најде“, искрена е мајката на генијалното дете.

Додека едни се смееја на потегот на момчето, други од ракописот заклучија дека авторот на пораката не е дете.

„Ова се пренесува низ генерациите“, „Каков ни е животниот стандард, нема што да се украде“, „Вака оставаше и мајка ми и кога веќе не беше дете“, „Авторот е дете, а децата не се расипани“, „Добро е ова. Јас го заборавив клучот во бравата“, „Ова не е детски ракопис“, „Синот има 40-50 години, судејќи по ракописот“, напишаа  во дел од коментарите.


Фото: freepik/Инстаграм
Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: