Момче се трансформира во преубава девојка користејќи шминка: Поради ова се соочува со многу осуда (ВИДЕО)

Момче се трансформира во преубава девојка користејќи шминка: Поради ова се соочува со многу осуда (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Додека едни се воодушевени од неговата умешност, други го осудуваат...

Последните неколку години ни е јасно дека моќта на шминката не треба да се доведува во прашање. Како доказ за тоа се фотографиите и видеата на социјалните мрежи на кои можеме да ги видиме „совршените“ лица кои делуваат нереално. Поради тоа многумина се соочуваат со осуди.

Освен девојките, сѐ почесто сме сведоци дека и момчињата користат шминка, а својот талент за шминкање и тие го споделуваат на социјалните мрежи.

Момчето кое на социјалната мрежа ТикТок е познато под името @pewiyard_the_queen е многу вешт со четкичката и шминките, но поради своите трансформации често се соочува со осуди.

Имено, тој објавува видеа на кои прво се појавува без шминка и перика, а потоа следуваат и трансформациите во жена.

@pewiyard_the_queen #pourtoi #pewiyard #fyp #fouryou son original -

Неговата умешност во шминкањето е на такво ниво, што поголемиот дел од луѓето всушност и не го препознаваат, сѐ поголем е бројот на оние кои мислат дека во прашање се две различни личности.

„Мене овие работи ме плашат. Замисли гледаш девојка, ти се допадне, ѝ приоѓаш, кога тоа да ти било момче“ - напиша еден корисник.

„Немам ништо против твојот талнет, но имам доколку ваков излегуваш во јавност и ги буниш луѓето. Биди или едното или другото“ - додаде друг.

Инаку, неговите видеа привлекуваат големо внимание и секое има повеќе илјади прегледи.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: