Момче со аутизам напиша писмо до одделението: Неговите зборови ги допреа срцата на многумина и би требало сите да ги запаметиме

Момче со аутизам напиша писмо до одделението: Неговите зборови ги допреа срцата на многумина и би требало сите да ги запаметиме

Објавена во: Совети // School zone

„Ве молам, не гледајте во мене, бидејќи ми е срам“ - напиша момчето во своето писмо...

Куба е ученик во основно училиште. Има аутизам. Не зборува, но преку пишување одлично комуницира со околината. Тој напишал писмо до своето училиште, особено до одделението, со цел да им ја објасни својата ситуација. Неговите зборови ги допреа срцата на многу луѓе.

Правиш нешто поикво од она што го сакаш - на пример скокаш, а не сакаш да скокаш. Но, скокаш бидејќи мораш, иако знаеш дека тоа изгледа глупаво“ - напиша Куба, објаснувајќи ја својата болест. А, потоа продолжи: „Не сакам неред, затоа за време на часот ги закопчувам несесерите за моливи и ги врзувам чевлите за време на паузите“.

Ја споменува и предноста на аутизмот: „Имам добро паметење, брзо читам. Можам да прочитам книга за еден час. Важно ми е да ми се помогне во тешки ситуации, на пример кога сум лошо расположен или се чувствувам лошо. Тогаш се однесувам глупаво - врескам, бегам, ги затворам ушите. Те молам, тогаш не гледај во мене, затоа што ми е срам“.

За децата погледите се полоши од најстрогите пресуди. Размислете за тоа како се чувствувате кога некој гледа во вас во моментот кога ви е непријатно, правите нешто погрешно или нешто лошо ви се случува. Ќе можете ли така да ја издржите неделата, годината, цел живот? Писмото на Куба одлично покажува дека е потребно да се помогне, а не да се изрече казна.

фото: unsplash.com

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: