Момчето на Анастасија ја запозна Цеца: Како помина првата средба на семејствата Ражнатовиќ и Гудељ? (ВИДЕО)
Ќерката на фолк ѕвездата денес полни 24 години...
Анастасија Ражнатовиќ, вечерва ќе организира гала забава во еден ресторан во Белград, а точно на полноќ најблиските преку видео порака ѝ го честитаа роденденот.
Имено, специјално за роденденот на својата девојка, Немања Гудељ допатува од Севиља, за да биде покрај Анастасија за нејзиниот најважен ден и во таа прилика ја запозна и нејзината мајка, Светлана Ражнатовиќ. Судејќи по она што можеме да го видеме од видеото, Цеца е воодушевена од новиот зет.
Семејството на Немања и на Анастасија се собраа во семејната вила на Дедиње, а точно на полноќ заедно ѝ го честитаа роденденот на Анастасија. Расположената славеничка, не ја криеше насмевката од лицето.
„Среќен роденден, Тасо“ - велат на видеото кое на Инстаграм го објави гордата мајка Цеца.
Анастасија за оваа прилика одбра бел комбинезон на прерамки, а многумина веднаш се посомневаа дека ќерката на Цеца за роденден ќе добие и веренички прстен.
фото: Принтскрин / Инстаграм