Момчето од фотографијата која го расплака светот оздраве: Заврши со хемотерапиите и сега оди на училиште
Мајката која објави трогателна фотографија од нејзината ќерка како го теши братчето по хемотерапија во 2019 година, сподели голема вест.
На Бекет Бург му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија во април 2018 година. На фотографијата објавена пред две година, тогаш четиригодишниот Бекет го теши неговата сестра Обри (5), додека повраќа по хемотерапијата.
Кејтлин сега објави дека Бекет се вратил на училиште, откако минатата недела заѕвонил на ѕвончето на онкологија по последната хемотерапија.
„Влезе неговиот онколог и рече: „Нема повеќе хемотерапија - завршивме. Се ослободивме од се‘“. Бекет беше шокиран. Неговото лице се осветли, тоа беше горчливо-сладок момент. Мислите дека ќе бидете среќни, но сега е готово. Тоа го прави страшно затоа што веќе не можете да одите на хемотерапија, третманот кој делува како верување дека ракот ќе се држи настрана“ - рече Кејтлин.
Мајката истакнува дека нејзината ќерка имала големо влијание врз нејзиниот брат и му помогнала да ја надмине злобната болест.
„Во неа виде мајчински лик, но сега стана понезависен. Секогаш кога Обри се обидува да му помогне, тој инсистира да направи нешто самостојно. Сега тие можат да играат нормално како другите браќа и сестри“ - додава Кејтлин.
Но, не било секогаш така. Бекет поминал еден месец во болница веднаш по дијагнозата, а за Одри се грижела нејзината баба. Најмладата ќерка Чендлер живеела со нејзиниот вујко.
Кога Бекет се вратил од болница, тој бил слаб, ослабел и не можел да се движи. Обри не била сигурна како да се справи со ситуацијата. Таа сакала да си игра со нејзиниот брат, но тој не можел. Не ѝ било јасно зошто постојано спие и често оди во тоалет. Ѝ се чинело дека тој е постојано болен, а никогаш не бил болен.
„Не знаеше што се случува, но ѝ беше јасно дека нешто не е во ред. Ние ѝ помогнавме да го преброди тоа“ - вели мајката.
Обри наскоро сакала да знае се‘ за лековите и медицинската опрема на нејзиниот брат. Родителите ѝ објасниле дека е болен, дека тоа е болест со која може да се зарази во училиште, градинка или во парк, дека не може да се спречи и дека нема да ѝ се случи.
Девојчето стана поддршка за нејзиниот брат. Таа била со него, таа му помага и денес.
„Тој се‘ уште се бори. Резултатот од хемотерапијата е болка во нозете, но во целина тој е среќен“ - заклучи мајката.
Да потсетиме, на 23 април 2018 година, момчето добило висока температура. Лекарите кажале дека има инфекција на увото и му препишале антибиотици. Неговите родители следниот ден повторно повикале брза помош бидејќи треската се‘ уште траела. Во детската болница во која биле испратени, биле извршени сите тестови, кои ја откриле тешката дијагноза.
Акутната лимфобластна леукемија е најчестата форма на рак кај децата. Таа е одговорна за 80 проценти од акутните леукемии во детството и е најчеста на возраст од 3 до 7 години. Оваа болест влијае на лимфоцитите кои не созреваат во развојот и стануваат вишок. Клетките брзо се размножуваат и ги заменуваат нормалните клетки. Некои од симптомите на акутна лимфобластна леукемија се треска, замор, болка во коските или зглобовите, крварење, лесни модринки, осип или промени на кожата и бледило.
Фото: Фејсбук