Момент на кој ќе се сеќава цел живот: Како изгледа денес девојчето кое пееше до Тоше на „Градски“? (ВИДЕО)

Момент на кој ќе се сеќава цел живот: Како изгледа денес девојчето кое пееше до Тоше на „Градски“? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Имаше можност да ја дели сцената со нашиот непрежален ангел...

Тоше Проески е најпознатиот македонски пејач. Неговата смрт уште ниту еден негов обожавател не може да ја преболи. Беше и е голема ѕвезда, како во Македонија, така и низ целиот Балкан.

Неговите концерти секогаш беа полни до последно место, а неговите најмлади обожаватели секогаш имаа посебни привилегии. Не можеше да помине ниту еден концерт без неколку дечиња да се качат на сцената и да го прегрнат својот идол, кој низ насмевка им ги пееше стиховите на своите песни.

Таква среќа имаше и девојчето од фотографијата, кое на концертот кој Тоше го направи во 2006 година на Градски стадион, пееше и танцуваше покрај својот идол.


Сега, 17 години подоцна, се појави фотографија од истото тоа девојче и е откриено како изгледа. Тоа го направи Мартин Филиповски од Некст тајм, чија пријателка е Марија, девојчето од фотографијата.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: