МОН и матурантити дојдоа до компромис за државната матура: На кој начин ќе се полага?
Во текот на вчерашниот ден од Сојузот на средношколци на својот Фејсбук профил објави соопштение во кое посочија дека помеѓу матурантите и Министерството за образование е постигнат компромис кога е во прашање државната матура. Тие по средбата со премиерот Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев, донесоа одлука да го прифатат решението.
„Овој компромис предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно. Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6) и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени.“ - посочуваат од Сојузот во соопштението, во кое што наведоа дека ваквиот начин на распределба на поените е поправен и порамномерен за сите матуранти.
Од Сојузот посочија и дека поради грижата за средношколците, тие испратиле и неколку услови од кои ќе зависи прифаќањето на решението. Целото соопштение на Сојузот на средношколци може да го прочитате во продолжение: