МОН информира дека онлајн наставата е функционална и успешна: Наставниците и учениците се задоволни

МОН информира дека онлајн наставата е функционална и успешна: Наставниците и учениците се задоволни

Објавена во: Совети // School zone

Министерството за образование и наука излезе со соопштение во кое истакна дека бројот на ученици кои следат онлајн настава е зголемен за околу 10%. Посочија дека од стартот на новата учебна година 80% од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучиле кон онлајн наставата и дека овој пронцент постојано се зголемува. Останатите 20% од нив пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето во онлајн наставата, а како најчеста причина ги посочуваат лошата интернет конекција или немањето на уреди.

Од МОН исто така велат информираат дека моделот за онлајн настава се покажал како функционален и успешен и дека наставниците и учениците биле задоволни од тоа како се одвива наставата на далечина.

„Апелираме до сите оние кои ја бојкотираат наставата дека секој изгубен ден од учењето е на директна штета на децата. Сите ученици мора да ја почнат учебната година и најважно од сѐ е образовниот процес да продолжи.“ - посочија од МОН.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: