МОН се оградува: Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата

МОН се оградува: Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата

Објавена во: Совети // School zone

По бурните реакции кои следуваа на Фејсбук поради константното „паѓање“ на Националната платформа преку која што ќе се одвива наставата од далечина, Министерството за образование и наука излезе со свое соопштение.

„Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици.  Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови.“ - велат од Мон.

Тие исто така посочија дека работат на сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: