МОН СО ДЕТАЛНО УПАСТВО ЗА НАСТАВАТА ОД 1 СЕПТЕМВРИ: Директорите на средните училишта се уште во неизвесност

МОН СО ДЕТАЛНО УПАСТВО ЗА НАСТАВАТА ОД 1 СЕПТЕМВРИ: Директорите на средните училишта се уште во неизвесност

Објавена во: Совети // School zone

Додека сите очекуваат да ги слушнат деталите за тоа како ќе работата училиштата ширум државата од 1 септември, вчера Министерството за образование и наука обајви Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти. Прирачникот беше дополнет со видео во кое е презентирано како се чистат и дезинфицираат училишните згради.

Ова Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти е изработен во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Истиот е спроведен од Македонскиот центар за граѓанско образование, а во соработка со МОН, клучните образовни институции, како и сите општини и училишта во нашата држава.

Во меѓувреме ги контактиравме директорот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ и директорката на средното медицинску училиште „д-р. Панче Караѓозов“, кои за Хаштаг открија дека тие имаат некои идеи за тоа како да го продолжат образовниот процес од септември, но додека не добијат конкретни инструкции од Министерството за образование не се во можност да изработат конкретен план.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: