Мора да бидете внимателни: На што треба да размислите пред да навредите некој на Интернет?

Мора да бидете внимателни: На што треба да размислите пред да навредите некој на Интернет?

Објавена во: Совети // Другарство

Трагичната вест за смртта на јутјуберката Кика, која со години трпеше насилство на Интернет, ја потресе јавноста, но и отвори многу важни теми. И додека многумина сметаат дека зборовите на Интернет се „само зборови“, вистината е сосема поинаква.

Еве зошто мораш да размислиш за она што ќе го напишеш на Интернет, пред да го објавиш.

Хејт кометарот нема да ти изгради самодоверба

Ако првото нешто што ти паѓа на памет е да искоментираш дека некој изгледа „дебело“ или „слабо“ и дека кај таа личност многу работи не се во ред, застани и размисли - хејтерскиот коментар само ќе му ја размрда самодовербата на некој, а тебе нема да ти помогне да ја изградиш.

Нереалните стандарди за убавина со кои сите сме секојдневно бомбардирани знаат негативно да влијаат на младите луѓе. Познатите личност, но и оние помалку познатите, со фотошоп и добри агли, го форсираат она што го сметаат за совршен изглед, како што во реалниот живот е невозможно да се постигне. Сосема е океј некој да не вежба секој ден, сѐ додека неговото здравје не е загрозено. Не мораме сите да изгледаме идентично и во тоа е убавината на животот.

Хејт коментарите влијаат на другите луѓе

Никогаш не знаеш со што се бори личноста од другата страна на екранот. Сите сме различни и сите различно ги прифаќаме коментарите кои ги добиваме. Исто така, многу од нас на Интернет градат друга личност, која често е посилна од она какви всушност сме, во вистинскиот живот. Сепак, навредите и грозните коментари подеднакво влијаат и на онлјан и на офлајн личноста. Не можеш да знаеш каква реакција ќе предизвика твојот непотребен и грозен коментар.

Ако си жртва на малтретирање: зборувај со некој што ќе те разбере

Резултатите од анкетата за ментално здравје која ја спроведе УНИЦЕФ во април оваа година, покажа дека 50 отсто од младите сметаат дека менталното здравје им е полошо во однос на периодот пред пандемијата, а дури 37 отсто од нив се запознаени со тоа каде може да добијат психолошка поддршка.

Сѐ поголем број на млади адолесценти се соочува со анксиозност, депресија и лошо расположение. Доколку им е потребна психолошка поддршка, нивниот примарен избор е разговор со членовите на семејството (36 отсто), додека 26 отсто од испитаниците се обраќаат на блиските пријатели. Преостанатите 18 отсто разговараат со психолог, 8 отсто воопшто не бараат помош, а само 3 отсто бараат помош од доктор.

Младите често имаат впечаток дека се осамени во својот проблем и дека никој не ги разбира, но потиштеноста, затвореноста, тага и тегобиите, се чувства кои ги имаат многумина и закои треба да се зборува.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: