Морав да учам зборови, размислував да се убијам: Потресна исповед на Селена Гомез, на која докторите залудно ѝ давале лекови
Познатата актерка и пејачка Селена Гомез во својот документарец открива како изгледал најмрачниот период од нејзиниот живот поради биполарното пореметување со кое се бори.
Селена Гомез, познатата ѕведа на Дизни, која светот го освои со убавината, подготвена е да ја раскаже својата приказна до најситни детали. Прераната популарност ѝ донела низа ментални проблеми, а нејзината приказна докажува дека популарноста, парите, кариерата, успехот и моќта паѓаат во вода, во оној момент кога здравје ќе се загрози.
На познатата пејачка ѝ се случија многу несреќни до 30-тата година, а поради биполарното пореметување била на лекување на четири различни клиники. Сега е подготвена да си ја отвори душата во документарецот под назив „My Mind & Me“, а во интервјуто во кое го најавува неговото излегување, истакна дкеа „мрачниот период ѝ почнал во раните 20-ти години“.
„Немам што да кријам, бев во четири центри за лекување. Во раните 20-ти почна мрачниот период во мојот живот, кога повеќе не можев да ги контролирам своите емоции. Тогаш почна мојата депресија, поради која потполно се изолирав. Понекогаш со недели бев само во кревет. Никогаш не се обидов да се самоубијам, но имаше денови кога размислував за тоа. Мислев дека светот би бил подобро место без мене“ - раскажа познатата пејачка и актерка, на која докторите упорно ѝ ги менувале лековите за да ѝ биде подобро.
„Докторите константно ми ги менуваа лековите со надеж дека нешто ќе се промени. Во еден момент повеќе ништо не чувствував. Имав чувство дека повеќе не постојам, како да исчезнав“ - опиша Селена, која одлучила да ја напушти клиниката и процесот на лекување да го започне кај психијатар. Како што вели, тогаш престанала да пие лекови и почнала со периодот на детоксикација.
„Морав да научам како да запаметам некои зборови. Понекогаш во текот на разговорот не знаев ни каде се наоѓам. Ми требаше многу напорна работа, додека да научам да прифатам дека сум биполарна личност и дека со тоа морам да се носам, бидејќи секогаш ќе биде така“ - кажа Селена, која своето психичко пореметување го откри во 2018 година, откако се пријави во установа за ментално здравје.
фото: Принтскрин / Инстаграм