Може да ги забележите од километар: Како се облекуваат најсреќните луѓе?

Може да ги забележите од километар: Како се облекуваат најсреќните луѓе?

Објавена во: Мода // Moj стил

Колку луѓето се посреќни, толку поедноставно се облекуваат. Без размислување. Овој неочекуван заклучок настана на годишното истражување на Обединетите Нации за нивото на среќа во животите на луѓето.

Од 2011 година, па се до сега, се спроведува истражување за глобалната среќа. Научниците развија технологија која ја мери благосостојбата кај луѓето во различни земји, како и сопствената субјективна проценка колку нивниот живот е добар. Потоа сите тие резултати се споредуваат.

Во 2017 година листата на 10 најсреќни земји на светот изгледала вака:

# Норвешка;

# Данска;

# Исланд;

# Швајцарија;

# Финска;

# Холандија;

# Канада;

# Нов Зеланд;

# Австралија;

# Шведска.

Во истиот соства, само менувајќи ги првите 10, овие земји биле водечки и претходните години.

Знаете ли што ги обедува сите овие земји? Крајната едноставност во начинот на живот, особено начинот на облекување. На пример, оние земји во кои што модата е важна, ниско котираат на листата најсреќни земји. Франција се наоѓа на 32 место, Шпанија на 37, додека Италија дури на 50 место на листата на најсреќни земји на светот.

Што се случува со среќните земји?

Нив не ги интересира што препорачува Вог за оваа сезона. Тие го носат она во што се чувствуваат пријатно. Фармерки и обични маички, патики и дуксери. Во Данска на прв поглед нема да знаете кој е момче, а кој девојче. Сите носат едноставна облека, која комотна и памучна. Важно е да се дружат, да се движат слободно и без ограничувања.

Швеѓанките не се оптеретуваат со здолништа, на работа не носат високи потпетици, а да не зборуваме за шминкањето. Швеѓаните се среќни и покрај тоа што нивните жени не изгледаат како модели!

Ова е чист доказ дека среќа не зависи од тоа дали носите брендирана облека, дали сте нашминкани по најновите трендови итн.

Среќни може да бидете и во обични фармерки и маички, а тоа го докажа споменатото истражување.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: