Може да се збогуваме со зимските шалови: Постои едноставна замена која ќе биде апсолутен тренд оваа зима

Може да се збогуваме со зимските шалови: Постои едноставна замена која ќе биде апсолутен тренд оваа зима

Објавена во: Мода // In and Out

Овој тренд сигурно ќе стане екстра популарен...

Во претстојните, зимски месеци, често ќе носиме шалови, капи и други разни модни парчиња кои дополнително ќе не греат. Но, доколку немаш многу шалови кои можеш да ги менуваш, за да не носиш ист шал секој ден, ти подаруваме еден едноставне трик со кој ќе можеш да го замениш шалот, а сигурни сме дека апсолутно секоја личност го има. Можеби звучи лудо, но пронајдена е достојна замена за шалот, која истовремено дополнително ќе не згрее и ќе изгледа предобро во комбинација со некој долг капут или јакна и некои тренди чизми. Таа достојна замена е некој џемпер за кој сме сигурни дека го имате во својот плакар, пишува „Journal“.

Сè што треба да направите е да се завитката во џемперот, како со марама, така што двата ракави ќе ги ставите напред или дополнително ќе ги завиткате и врзете околу вратот. Уште една одлична работа кај џемперот околу врат е тоа што може да се носи на капути, јакни, но и на обични маици кои ги носиме под капутот кога ќе го соблечеме, така што тоа е 2 во 1, бидејќи ќе изгледа одлично и со капут и без него. Овој тренд сите многу го сакаат, а сигурни сме и дека и останатите ќе го засакаат брзо, бидејќи изгледа модерно, а истовремено има иста цел како и шалот, а тоа е за дополнително да не грее во текот на студените денови од зимата.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: