Може ли висината да биде пресудна за успехот на твојата врска? Ова е идеалната разлика во висината на момчето и девојката

Може ли висината да биде пресудна за успехот на твојата врска? Ова е идеалната разлика во висината на момчето и девојката

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Која е разликата помеѓу тебе и твојата љубов?

Можеби тебе висината ти изгледа како неважен фактор, но во светот на состанувањето, особено на „онлајн“ состанувањето, кога тогаш ќе се појави прашањето поврзано со висината. Девојките секогаш претпочитаат високи момчиња, но колку е навистина важна висината и дали таа може да влијае на успехот на врската?

Многу луѓе, особено оние кои се високи, имаат потреба да нагласат колку се високи, бидејќи сметаат дека тоа им е предност. Може тоа да ти изгледа глупаво, бидејќи истото ти нема смисла зошто да ја нагласуваш толку својата висина, но едно од последните истражувања покажува дека тоа има смисла. Се покажало дека паровите помеѓу кои има голема разлика во висината, особено комбинацијата високо момче и ниска девојка, имаат најсреќни врски.

Во истражувањето учествувале 8.000 луѓе и голем број од нив признале дека им е подраго момчето со кое се во врска да биде повисоко од нив или девојката со која се во врска да биде пониска од нив. Висината на луѓето им е важна, особено кога врската е на почеток или кога со некој се уште само се состануваш. Зошто е тоа така нема врска со романтиката, туку со со еволуцијата. Доколку се вратиш во минатото, одамнешното минато, жените секогаш биле повеќе привлекувани од страна на мажи/момчиња кои се повисоки, бидејќи се претпоставувало дека се подобри ловци и дека нудат поголема сигурност. Иако денес тоа повеќе не е важно кога бараш момче, истото им останало на луѓето.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: