Можеби ќе ти помогне и тебе: Кендал Џенер раскажа што прави кога има панични напади (ВИДЕО)
Не крие дека има проблеми со анксиозноста...
Нападите на анксиозност станаа сè почест проблем во последните години, со кој се борат многу млади луѓе. Не се сите подготвени да зборуваат за тоа, но Кендал Џенер е. Таа призна дека има проблеми со менталното здравје, но и ги откри и начините кои ги користи за да се смири.
Најважно е да знаеш дека не си сама. Многу луѓе на твои години, како и оние постарите и помладите, се борат со проблемите кои ги имаат со менталното здравје. Последните неколку години кога животот апсолутно ни се промени поради короната, исто така не помогнаа. Паничните напади и проблеми со анксиозноста, односно анксиозност во социјални ситуации, имаат многу повеќе луѓе отколку што мислете.
Кендал Џенер е една од нив. Често отворено зборува за темата ментално здравје, а неодамна на својот Инстаграм го сподели и својот начин на кој се смирува кога ќе западне во ваква ситуација.
Иако на нејзиниот Инстаграм профил ќе пронајдеш и фотографии во костими за капење или промоција на некои текили, исто така ќе пронајдеш и совети за сите оние кои се борат со менталното здравје. Кога ќе ѝ се случат такви денови, ова се дел од ситниците кои ги прави, а кои ѝ помагаат:
# Тргни се од мобилниот телефон и само диши длабоко (10 пати знае да земе длабоко воздух, а потоа да го испушти).
# Ако имаш двор, излези и седни во тревата и почни да пишуваш дневник.
# Направи листа на сите супер работи кои те очекуваат тој ден / месец или листа на планови поради кои се радуваш таа недела.
# Сети се на сето добро што ти се случило во последната недела - се бројат и ситниците!
# Излезе на кратка прошетка на сонце, седни на клупа, затвори ги очите на секунда и уживај во топлината на кожата.
# Направи си некој чај за смирување.
фото: Принтскрин / Инстаграм