Можеби ми е време за трето дете: Јелена Карлеуша ги изненади фановите и откри од кој по 3.333 ружи за Денот на вљубените доби уште цвеќе?

Можеби ми е време за трето дете: Јелена Карлеуша ги изненади фановите и откри од кој по 3.333 ружи за Денот на вљубените доби уште цвеќе?

Објавена во: Живот // Живот

Во животот на Јелена Карлеуша навистина моментално цветаат ружи, и тоа во буквална смисла на зборот.

Впрочем, ретко која жена може да се пофали дека за Денот на вљубените добила не еден букет, туку 3.333 црвени ружи.

Пејачката со бајковитата сцена се пофали на социјалните мрежи, и веруваме дека многу дами ѝ завидуваат.

Меѓутоа, штом сите помислија дека на изненадувањата дојде крај, следуваше нов шок за Јелена - односно, на домашна адреса ѝ пристигна уште цвеќе, овој пат, покрај класичните имаше и букети во облик на срце.

Пејачката сподели стори со зборовите „Втор ден, о мој Боже“, а веднаш потоа објави и виде на совјот профил со хаштагот #pleasedonthateme, односно „ве молам, немојте да ме мразите“.

Во еден момент на видеото може да се види токму Душко Тошиќ, и многумина заклучија дека тие двајца се смириле. За потсетување, неодамна се појавија информации дкеа Јелена и Душко дефинитивно нема да се разведат.

„Вистина е дека ни збор за развод. Ако нешто се случило тој спорен ден, тие двајца се доволно зрели за сами да ги решат проблемите кои ги имаат“ - кажа изворот близок до двојката и додаде дека имаат една заедничка цел - да се посветат на растењето на ќерките и да ги заштитат од сензационалистичките натписи за нив.

Пејачката подоцна се пошегува и сподели стори со фотографијата од Наоми Кембел која за првпат ја покажа ќерката со зборовите: „Можеби ми е време за трето дете што волку им се воодушевувам на фотографиите со бебиња“, а дали навистина ќе дојде до тоа, ќе покаже времето.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: