Можеле да настрадаат: „Ураганките“ пееле на приватна прослава и не се ни надевале на тоа што следувало (ВИДЕО)

Можеле да настрадаат: „Ураганките“ пееле на приватна прослава и не се ни надевале на тоа што следувало (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Голема торта, многу инструменти зад Ксенија, Ивана и Сања, но и посебни ефекти биле составен дел од оваа забава...

Видеото од девојките од „Hurricane“, Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

„Ураганките“, кои во бендот ќе бидат уште неколку месеци, настапија на една приватна забава на која атмосферата била навистина на високо ниво.

Големата торта, многуте инструменти зад Ксенија, Ивана и Сања, но и посебните ефекти биле составен дел од оваа забава.

Во еден момент покрај девојките се пуштил „пиротехничкиот дожд“, кој најправо ги изненадил „Ураганките“, кои набрзо продолжиле да пеат и да играат.

„Можеле да настрадаат“, „Сега видов сѐ“, „Колку непријатно“, „Ужас“, „Апсолутно небезбедно“, „Скоро без реакција, девојките се вистински професионалци“, „Се уплашив“ - се само некои од пораките кои може да се пронајдат на социјалните мрежи.

Како изгледал овој небезбеден и непријатен момент погледенте во видеото во продолжение:


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: