Му беше омилена, ја чуваше за себе, на ниеден концерт не ја пееше: Антониа и Ања се сеќаваат на Тоше Проески
И после 13 години од смртта на Тоше Проески се уште со истиот жар се сеќаваме на неговиот лик и дело.
Зад себе ги остави својата музика и хумани дела, кои сите овие години, но и наредните ќе зборуваат за него. Некој ќе каже дека ваквите луѓе како него имаат само датум на раѓање, но сите денови кои се поврзани со него се вредни за спомнување.
Затоа, на денот кога неговото срце престана да чука, познатите македонски ѕвезди споделуваат сеќавања поврзани со Тоше Проески.
Меѓу нив се и Антониа Гиговска и Ања Ветерова, тин-ѕвездите кои ги споделија спомените кои ги врзуваат за Тоше.
Антониа Гиговска се сети на мјузикалот кој се одржа во чест на Тоше, кога на паузата Весна Бејби и рекла „Си ја одбрала „Иконо моја“ да ја пееш, таа на Тоше му беше омилена песна за душа, ја чуваше за себе, затоа на ниеден концерт не ја пееше.. Па така и мене.. Иконо моја“
Ања Ветерова напиша:
-13 години... Светот се менува од година до година, нашите животи се менуваат од ден до ден, но љубовта и сеќавањето за тебе никогаш нема да престанат.