Му остави свој печат: Кортни Кардашијан му направи нова тетоважа на Баркер, нејзиното момче (ФОТО)
Ријалити вездата му направи тетоважа на своето момч, а музичарот е воодушевен.
Манекенката Кортни Кардашијан на својот Инстаграм профил се пофали со своите вештини и објави фотографија на која може да се види како прави тетоважа на своето момче Тревис Баркер. Бидејќи целото тело на музичарот е покриено со тетоважи, Кортни мораше да направи нова над една од постојните.
Имено, таа му направи тетоважа „Те сакам“, а нејзината работа многу му се допадна на Тревис, кој ја пофали на споменатата социјална мрежа - жена со многу таленти - напиша Тревис под објавата на Кардашијан.
- „Искрено, го имаш најдобриот ракопис што некогаш сум го видел“, „Кога можам да закажам состанок?“, „Може ли следно јас?“ - беа само некои од коментарите на објавата, а оваа фотографија изброја над три и пол милиони лајкови.
Да потсетиме, Кортни и Тревис повеќе не ја кријат својата врска, па јавно ги потврдија гласините во февруари годинава дека се во љубовна врска, за што сведочат и бројни интимни фотографии.
извор:24sedam.rs