Му пеев хепи брдеј на видео кол: Далечината ја спречи Дани Димитровска да го прегрне синот за роденденот

Му пеев хепи брдеј на видео кол: Далечината ја спречи Дани Димитровска да го прегрне синот за роденденот

Објавена во: Совети // Семејство

Пејачката Дани Димитровска е една од оние познати личности, која приватниот живот го крие како „змија нозете“. Сакајќи да ги заштити своите најблиски членови на семејството од љубопитните погледи на јавноста, таа многу ретко споделува заеднички моменти со нив.

Но, иако внимава на тоа што објавува, сепак еден голем повод беше причината за да сподели фотографии од нејзиниот наследник Лазар, кој моментално е на студии надвор од нашата држава. Имено, синот на Дани вчера наполни 21 година, а гордата мајка го искористи денот за да напише неколку емотивни зборови и да открие како го одбележале овој ден.

„Денес полни 21 година. Далеку е. Му пеев хепи брдеј на видео кол... Он насмеан, ми вели: На ред час сум, но фала што не изнасмеа со металското пеење, ги купи колегиве од факс; Среќно, 21-ва, сине“ - напиша пејчката покрај фотографиите од нејзиниот син, кои ги сподели на своите профили на социјалните мрежи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: