Му помогнаа да ги дувне роденденските свеќички: Хана и Дарен му направија изненадување на дедо Велко (ФОТО)
Мама Тамара ги откри деталите...
Пејачката Тамара Тодевска, која во последните денови е во центарот на вниманието со новиот хит „Нијагара“, сподели детали од својот приватен живот.
Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии, на кои покажа дека таа заедно со нејзините две деца - ќерката Хана и синот Дарен, му направиле изненадување на нивниот татко и дедо.
На фотографиите може да се види дека Хана и Дарен му помагаат на дедо Велко да ги дувне свеќичките, додека мама Тамара беше задолжена за овековечување на моментот.
фото: Принтскрин / Инстаграм