Му се уплашив на саатот, па се тресев како ќе ја испеам толку рано: Антониа Гиговска за изведбата на „Полско цвеќе“

Му се уплашив на саатот, па се тресев како ќе ја испеам толку рано: Антониа Гиговска за изведбата на „Полско цвеќе“

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Антониа Гиговска вчера, на денот на нејзинот 21-ви роденден сподели видео од изведбата на „Полско цвеќе“, една од најтажните балади на Тоше Проески.

Истата ја изведе во емисијата Шареница, во Србија, а токму на својот роденден откри што се крие зад оваа изведба.

„10 сабајле, јас и „Полско цвеќе“... Ух... Тогаш сфатив колку е тешка песнава. Инсистираа посебно за оваа песна, а толку многу му се уплашив на саатот, па се тресев како ќе ја испеам толку рано. Ова ми е едно од најдрагите клипчиња во телефон“ - напиша Антониа во описот на видеото.

За помалку од еден ден, видеото има скоро 20.000 прегледи и безброј лајкови и коментари.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: