Мудро молчеше, а сега проговори: Марија Шерифовиќ откри што мисли за Констракта

Мудро молчеше, а сега проговори: Марија Шерифовиќ откри што мисли за Констракта

Објавена во: Живот // Живот

Српската претставничка за Евровизија сигурно ќе биде изненадена...

Во саботата се одржа финалето на „Песна за Евровизија“ во Србија, а од 18-те изведувачи кои дојдоа до самиот крај на фестивалот, победата ја однесе Ана Ѓуриќ, попозната по псевдонимот Констракта.

Таа ја освои публиката со песната „In corpore sano“, а необичниот текст го следеше уште понеобична и несекојдневна кореографија, во чии рамки Констракта ги мие рацете, а токму тој нејзин потег ја освои Србија.

Марија Шерифовиќ, единствената српска победничка на ова престижно европско натпреварување, во текот на финалето на никој од изведувачите не сакаше да му даде предност, туку мудро молчеше, но свој став дефинитивно има секој.

Пејачката за „24седам“ откри какво мислење има за Констракта, овогодинешната српска претставничка, но и призна дека ќе ја поддржи на претстојното натпреварување.

„Супер ми е победничката на „Песна за Евровизија“. Врв е! Секако ќе навивам за Србија. Среќно Констракта“ - кажа кратко Марија во изјавата за споменатиот портал.

Инаку, Шерифовиќ исто така веднаш по финалето ѝ честиташе на Констракта.

„Браво! Искрени честитки“ - напиша Марија на својот Инстаграм профил.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: