MUST HAVE: Дуксерот на Антониа - идеален за пролетните денови
Пролетта и топлите денови полека ни доаѓаат. Иако температурата полека, но сигурно се качува, сепак времето знае да биде непредвидливо. Затоа, MUST HAVE парче за оваа сезона се уникатните дуксери.
Еден таков одлично го износи поп - пејачката Антониа Гиговска. Таа се одлучи за жолта боја, а го искомбинира со мини-здолниште во анимален принт и бели патики. Истиот го има во повеќе бои, а поради својата приспособливост одлично одговара и на поелегатна комбинација.
Овој дуксер е од брендот Guess и може да го најдете на веб страницата на Fashion Group Македонија.