MUST HAVE: Кики од „Дајте музика“ со фантастично ланче
Лицето на Кики Мукаетова сигурно ви изгледа познато доколку сте изгледале барем една епизода од серијалот „Дајте музика“, во кој таа има една од главните улоги.
Освен што го сака актерството, играњето и каратето, таа е голем љубител на модата. А, каква љубител на мода би била, доколку не ги сака аксесоарите?
Таа деновиве ја бодреше македонската ракометна репрезентација на натпреварите од првото коло, каде што за жал не оствари пласман за понатаму. Но, она што го привлекува вниманието од фотографијата која ја сподели од трибините е нејзиниот накит.
„Кул“ ланчињата кои ги носеше младата Кики се идеални за млади девојчиња. Тие се од Италијанскиот бренд Rebecca Macedonia и се повеќе од одличен избор за сите оние кои од мали нозе ја следат модата.