Музички времеплов: Аки Рахимовски и Каролина Гочева на настап во живо ја пеат „Бела песна“
„Бела песна“ е песна која првично ја отпеа Ристо Самараџиев, но неколку години после него тоа го направиja Аки Рахимовски и Каролина Гочева, кои оваа песна ја отпеаја како дел од кампања против дрога.
Во тоа време, поточно во 2007 година, песната беше апсолутен хит, а и денес постарите генерации знаат да ја слушаат.
Аки и Каролина во 2008 година, на настап во живо во Хрватска ја пееја „Бела песна“ во живо. За тоа колку добри пејачи се, покажува и тоа што на видеото не може да препознаете дали пеат во живо или плејбек, бидејќи звучат исто како на студиската снимка.