Музички времеплов: Безвременските хитови на Здравко Чолиќ немаат прегледи како денешниве краткотрајни хитови
После пет долги години, вчера Здравко Чолиќ извади нова песна наречена „Сто дукати“ како подарок за Денот на жената, 8-ми март.
Според јутуб платформата и коментарите таму, песната е добро прифатена и слушана, а тоа не' инспирираше да погледнеме кои се најслушаните песни на големата ѕвезда Здравко Чолиќ.
На наше изненадување неговите безвременски песни и хитови немаат прегледи како денешниве краткотрајни хитови. Па како најслушана е „Мјеркам те, мјеркам“ со 19 милиони.
Следува „Пусти моду“ со близу 15 милиони прегледи.
„Ти си ми у крви“ исто со близу 15 милиони.
На пето место е „Што ти дадох“ со 13 милиони прегледи.