Музички времеплов: Една од најдобрите изведби на „Тајно моја“ од Тоше Проески - Гиговска го остави регионот со солзи
Младата пејачка Антониа Гиговска својата кариера ја започна во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Учествуваше во две сезони, а особено се истакна во „All Stars“ сезоната, каде за малку не победи.
Во еден од тие настапи ја отпеа една од најубавите балади од нашиот Тоше, „Тајно моја“, а во текот на настапот жирито и публиката со насолзени очи ја следеа на сцената.
Во продолжение погледнете како изгледаше и како звучеше овој настап на Антониа: