Музички времеплов: Една од песните на Љупка Димитровска и ден денес е актуална - која песна ја пеат денешните тинејџери?
Љупка Димитровска е еден од доајените на забавната музика како во Македонија, така и во цела Југославија. Била родена во 1946 година во Скопје, најголема популарност достигнала во 70-тите и 80-тите години од минатиот век.
Првиот албум го објавила во 1975 година, а создавањето на музиката која ја изведувала, бил задолжен нејзиниот покоен сопруг Никица Калоѓера.
На денешен ден се одбележуваат шест години од смртта на Љупка, а по тој повод решивме да ве потсетиме на една од нејзините песни, која е хит помеѓу денешните тинејџери. Станува збор за песната „Ѕвона ѕвонат“, доколку сте од оние ретките кои не ја знаат, слушнете ја во продолжение:
фото: Принтскрин / Јутјуб