Музички времеплов: Го оставаше срцето на сцена - Поминаа 17 години од последениот концерт на Тоше Проески

Музички времеплов: Го оставаше срцето на сцена - Поминаа 17 години од последениот концерт на Тоше Проески

Објавена во: Stars // Музика

На денешен ден, пред 17 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт, пред трагично да го загуби животот на 16 октомври 2007 година.

На тој 05 октомври, Градскиот стадион беше претесен за сите негови обожаватели. Иако го одржа кратко по објавувањето на неговиот, тогаш нов албум, неговите обожавателки во еден глас со него ги пееја новите песни.

„Јас не сум виновен“, „Среќна ли си ти?“, „Цреша“, „Игри без граници“ и сите останати песни од овој албум се најдоа на репертоарот, но тука беа и безвременските евергрини кои претходно Тоше ги испеа.

На публиката ѝ приреди повеќечасовен музички спектакл, а како изгледаше сето тоа, потсетете се во продолежние:

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: