Музички времеплов: како беше претставувана Македонија на Евровизија низ годините?

Музички времеплов: како беше претставувана Македонија на Евровизија низ годините?

Објавена во: Stars // Музика

Уште еден ден нè дели до големиот настан „Евровизија“.

Нашиот пртставник Гарванлиев вчера се појави во впечатливо издание, со круна на главата и измами многу погледи и внимание на церемонијата за официјално отварање на Евровизија.  

Првата полуфинална вечер ќе се одржува утре, 18-ти мај, втора вечер 20-ти мај и главното финале е на 22-ри мај во салата „Ахој“ во Ротердам, а исто како и минатата година, наш претставник ќе биде пејачот Васил Гарванлиев со песната насловена „Here I Stand“, чиј текст и музика ги напиша самиот тој.


Во меѓувреме, додека сите сме во исчекување и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се одвива оваа најголема музичка манифестација годинава, решивме да  ве потсетиме на сите наши досегашни претставници и нивните евровизиски песни.

Калиопи Букле - „Само ти“ (1996)

Во тоа време се одржуваа преквалификации, кои за жал не ги поминувавме, сепак Калиопи е на листата како прв претставник на Македонија.

Владо Јаневски - „Не зори, зоро“ (1998)

Две години подоцна, Владо Јаневски со оваа балада се престави пред европската публика, но за жал не успеа да влезе во финалето на оваа манифестација.

ХХL - „100% те љубам“ (2000)

По едногодишна пауза, девојките од XXL ги бранеа боите на Македонија. И нивното преставување заврши како она на претходниот претставник и не се пласираа во финалето.

# Каролина Гочева - „Од нас зависи“ (2002)

Македонското девојче со оваа прекрасна балада проба да ја освои Европа, но залудно, добивме уште едно разочарување, без влез во финале.

Тоше Проески - „Life“ (2004)

Оваа година беше среќна за нас. Тоше обезбеди влез во финале за Македонија, а остана и запаметен по неверојатниот сценски настап. Во финалето завршивме како 14 - ти.

# Мартин Вучиќ - „Make my day“ (2005)

Во своето претставување на Европа и го покажа и својот талент на ударни инструменти, а истиот беше доволен за влез во финалето, во кое се пласиравме на 17 - то место.

Елена Ристеска - „Нинанајна“ (2006)

Во Атина, Елена ги бранеше боите на Македонија, а освен влез во финалето, се врати и со титулата најубава претставничка на Евровизија. Го освои 12 - тото место, кое дотогаш беше највисоко за нашата држава. 

Каролина Гочева - „Мојот свет“ (2007)

Оваа година, Каролина по вторпат си ја проба среќа. Поуспешна од првиот пат, заврши како 14 - та во финалето.

Тамара Тодевска, Врчак и Адриан Гаџа - „Let Me Love You“ (2008)

Иако постојано се зборуваше како оваа тројка ќе направи голем успех, за жал не успеаа да се пласираат во финалето.

Next Time - „Нешто што ќе остане“ (2009)

Тогаш младите и полни со елан браќа, Стефан и Мартин Филиповски беа нашите претставници. И тие нема нешто многу среќа, па по полуфиналната вечер се вратија во Македонија.

Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Пејчин - „Јас ја имам силата“ (2010)

Уште едни претставници кои не успееа да обезбедат влез во финалето, иако по оваа Евровизија, Ѓоко беше изложен на многу негативни коментари поради неговиот Англиски јазик.

Влатко Илиевски - „Русинка“ (2011)

Синоокиот заводниот не успеаа да ја заведе Европа и за жал не успеа да се пласира во финалото.

Калиопи Букле - „Црно и бело“ (2012)

По 4 - годишната агонија, Калиопи обезбеди влез во финалето, каде заврши 13 - та. Пред нејзиниот глас замолче цела Европа. 

Есма Реџепова и Влатко Лозаноски - Лозано - „Пред да се раздени“ (2013)

Овој спој најверојатно не ѝ се допадна на евровизиската публика, па така оваа година повторно Македонија не влезе во финалето.

Тијана Дапчевиќ - „To the Sky“ (2014)

Финале не добивме, но затоа нашата делегатија во 2014 - та се врати со титулата најубаво облечена.

Даниел Кајмакоски - „Autumn Leaves“ (2015)

Во тоа време беше миленик на балканската публика, но Европа не даде зелено светло и повторно останавме без влез во финале.

Калиопи Букле - „Дона“ (2016)

Обидот да се игра на иста карта, не донесе среќа. Третото претставување на Калиопи не донесе влез во финале.

Јана Бурческа - „Dance Alone“ (2017)

Уште една година без финале, но затоа Јана од Евровизија се врати со прстен на рака, бидејќи нејзиното тогашно момче ја побара за жена пред цела Европа.

Eye Cue - „Lost and Found“ (2018)

Тие важеа за најпопуларен бенд во Македонија, па поради тоа ја добија можноста да не претставуваат, но тоа не вроди со плод и повторно финалето ни се излизга од раце.

Тамара Тодевска - „Proud“ (2019)

Во оваа година едноставно испишавме историја. Тамара го освои 7 - то место, кое досега е највисоко место на кое се пласирала Македонија на Евровизија. Никако не смееме да заборавиме да напоменеме, дека според жирито бевме први во Европа.

Васил Гарванлиев - „You“ (2020)

Иако минатата година Евровизија беше откажа и Васил немаше можност да замине во Ротердам, оваа песна не смее да остане незабележана.

И.М.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: