Музички времеплов: Каролина Гочева со црна коса и во поинакво издание за еден од најголемите нејзини хитови „Хипокрит“
Македонското девојче, Каролина Гочева вчера конечно ја објави песната „Идила“ во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски со кои направија и преработки на евергрини од нашите најпознати автори кои ги исчекуваме да се објават.
Но доколу се вратиме назад, на почетоците на Каролина ќе видиме дека таа имала сосема друг стил, црна коса и секако тоа одговарало на нејзините години и стил на музика.
Денес се сеќаваме на еден од нејзините најголеми хитови „Хипокрит“, снимен пред околу 18 години.