Музички времеплов: Која е најслушаната песна на Анастасија Ражнатовиќ?

Музички времеплов: Која е најслушаната песна на Анастасија Ражнатовиќ?

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ по три години од објавувањето на првиот сингл конечно најави дека ќе започне со настапи.

Таа во емисијата Амиџи шоу рече дека се одлучила подоцна да започне со настапи со цел да има повеќе нејзини песни на репертоарот.

Нејзината прва песна „Савршени пар“ е објавена пред три години и на платформата јутјуб брои над 66 милиони прегледи. Втора и нејзина најслушана песна е „Ране“ која излезе пред две години и истата брои над 85 милиони прегледи - што е рамно на светски хитови.


После „Ране“ следуваше „Хероина“ со над 21 милион прегледи, „Волим те“ со над 33 милиони, „Промашена“ е меѓу најнеслушаните нејзини песни со 5.8 милиони, по што следуваа „Готово“ со 8.5 милиони и „Извнини“ со 16 милиони прегледи. Последната нејзина песна е „Убица“ и за еден месец има 3.3 милиони прегледи.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: